Остануваат уште неколку дена до отпочнување на првиот балкански проектен лидершип самит, сега е одлична прилика да и вие бидете дел од овој собир на којшто ќе присуствуваат лидери од компаниите, и лица коишто аспирираат тоа да постанат.

 

За таа цел, ексклузивно за овој настан ќе имаме претставување на глобалната иницијатива Brightline Initiative креирана специјално за бизнис лидерите и за размена на нивни искуства, истражувања и нивно вмрежување.

 

Ова ќе биде ексклузивна можност да го слушнеме и членот на Бордот на ПМИ г-дин Томас Валента, експерт со долгогодишно проект менаџмент искуство, којшто ќе ни збори за Вредноста на Проектниот Менаџмент во една компанија.

 

Wojciech Czyzewski, Asseco Poland, ќе ни говори за проектен лидершип и лекции коишто се научени водејќи луѓе од различни култури.

 

Милан ШмигичЦПМ ќе биде модератор на настанот, и ќе одржи работилница на тема Jung at heart – what’s your personality colour?

 

Барбара Брегар-Мрзликар долгогодишен лидер во ЦЕЕД Словенија ќе зборува на тема : Why is leading hard & how to become better leader.

 

Регионалниот ментор од ПМИ Catalin Dogaru ќе има интересно излагање на тема: Servant Leadership

 

Особено интересно за сите ќе биде и работилницата за Lean Management во организација на Александар Илоски од MQS Macedonia и Коста Петров од Moonsun.

 

Како најмлад огранок на ПМИ на балканот, локалниот огранок на ПМИ Македонија ја доби таа чест да го организира првиот балкански проектен лидершип самит, во организацијата на самитот имаме целосна поддршка од ПМИ ограноците од балканот, коишто функционираат на овие простори повеќе од 15 години.

 

Project Management Institute (PMI) е најголемата светска асоцијација за проект менаџери, со преку 600,000 сертифицирани експерти и 450,000 членови во повеќе од 200 земји.

ПМИ огранокот во Северна Македонија е локалниот огранок на овој институт и има за цел да ја промовира важноста на улогата на проект менаџерите во водењето и обезбедувањето на резултатите и континуирано подобрување во фирмите со овогодинешните теми на “Project Leadership Summit”.

 

Настанот ќе биде одржан на 29-30.06.2019 во хотел “Инекс Горица” во Охрид и се очекува да присуствуваат околу 100 гости од земјата и од странство.

 

Резервации за настанот се прават преку: www.balkanpls.com